АМЕРИКАНЕЦОТ СЕ ВРАЌА ВО РИТАМ, НЕ ЗАБОРАВА НА МИНАТOTO

Мекејлеб е спремен да се врати во Партизан, може ли да заигра повторно за Македонија?

Лестер Бо Мекејлеб се врати во светот на кошарката, но не и во нашиот национален тим.
Барем засега и не размислува на таа тема, судејќи според изјавите кои некогаш нашиот клучен играч за историскиот успех на ЕП во Литванија 2011 година, ги даде за српските медиуми.

објавено: 10 септември 2018 - 17:40

Оние кои го испратија гостувањето на белградски Партизан во Сарагоса, клубот за кој сега настапува некогашниот македонски репрезентативец, велат дека „летечкиот Бо" се потсетил на убавите времиња поминати во „црно-белиот" дрес на Партизан, особено оние финалните од дуелот со Цибона, во АБА лигата, а и она учество на Фајнал-фор" турнирот во Евролигата.

„Сакам да го видам Партизан повторно на врвот. Една од моите цели е да се вратам во Партизан. Можеби тоа ќе се случи, можеби и не. Не знам. Ќе видиме" - ги загреа надежите на „гробарите" нивниот миленик.

Стручниот штаб на нашиот национален тим, односно селекторот Јорданчо Давитков, пак на првиот собир за септемврискиот циклус рече дека во овој момент мала е веројатноста да имаме некој натурализиран кошаркар на располагање, освен, или евентуално Ричард Хендрикс.
Но иако Хендрикс е во Европа, и игра за својот клуб – Ле Ман, по се изгледа дека неговите намери се граничат околу тоа повеќе да не настапува за нашиот национален тим.
На дуелот со својот поранешен клуб, Мекејлеб реализира два поени имаше и пет асистенции. Но најави деа полека се враќа во ритам, и дека, ако ништо друго може да биде контактиран од нашата национална федерација за некој од наредните мечеви на нашиот национален тим, односно во оној ноемвриски, а потоа и февруарски прозорец на ФИБА.

 

Најново во Кошарка