важен триумф за кадетите на ЕП во Сараево

МАКЕДОНСКИ „ЃАВОЛЧИЊА“: Русите се спасија, ама не и Белгијците!

Кадетите на Македонија ја запишаа првата победа на турнирот во Сараево откако беа многуи подобри од Белгија (80:68).

објавено: 10 август 2018 - 16:15

Најава за некои подобри времиња, ја испратија македонските кадети кои во ушт еднс добра игра, стигнаа до триумф над Белгија (80:68) во второто излегување на турнирот во Сараево.

БЕЛГИЈА – МАКЕДОНИЈА 68:80 (13-22; 19-27; 28-16;8-15)

На почетокот, Андоновски одигра непогрешливо, реализираше десет поени, и заедно со Миловановиќ (осум поени) имсс најголем придонес во оние (22:13), кои ги имаа нашите кадети на истекот на првата четвртина.

Силовито продолживме и во втората во која се одвоивме и на (28:13), како најава за прва победа на првенството во Сараево. Имавме и (30:14), но Белгијците врзаа серија (6-0), за -10 (20:30) во средишницата на вториот период.
По еден „кризен период" во кој Белгија дојде на едноцифрен минус (28:37), до крјаот на полувремето Македонија се врати, дојде до оние плус 16 (47:31), имаше уште поголеми (49:32), на полувреме.

Лошо продолживме по тие 15.минути одмор. Противникот направи серија (10-2) и се доближи на (42:51), потоа и на уште пониски, (50:57) по 26.минути игра.
Новата серија од осум поени на Белгија означи само плус 3 за Македонија, (63:60) во финалната минута од третиот дел. Ја прекина Савиќевиќ за (65:60). Ја продолжи Мирковски, со тројка, за „полесно дишење", (68:60).Тој „стил" на игра, доста неефикасен, продолжи се до самиот крај. Резултатот се закочи на (75:68), но Македонија знаеше како да го одбрани тоа водство, и да победи (80:68).
Претходно, Македонија не успеа да ја победи фаворизираната селекција на Русија. На отворањетo на кадетскиот шампионат од Дивизијата „Б" во Сараево, бевме во егал во текот на сите 40.минути против фаворизираниот противник. Но, недостасуваше тој последен чекор до сензационален резултат (69:75).

 

 

Најново во Кошарка