ТРЕНЕРСКИ „ТРИАГОЛНИК" ВО РОМАНСКИ УСЛОВИ

Македонска „унија" во Букурешт (ФОТО)

Во прилагодувањето на условите во главниот град на Романија на селекторот Заре Марковски сесрдно му помагаат неговите македонски колеги Слободан Петровски и Игор Георгиев.

објавено: 26 јуни 2018 - 15:30

Во прилагодувањето на условите во главниот град на Романија на селекторот Заре Марковски сесрдно му помагаат неговите македонски колеги Слободан Петровски и Игор Георгиев.


„Со Заре се знаеме повеќе од три децении. Тој ни помагаше нас додека коашркарски растевме како кошаркари, сега е редот на нас да го воведеме во условите на функционирање кои владеат овде во Романија" - вели помалку на шега, Петровски.

Како и да е, доѓањето на нашиот стручњак, донесе доста позитивни работи во функционирањето на сениорскиот национален тим на Романија.

Иако со не баш доволно постоечки квалитет, романскиот состав е многу блиску до пласман во следниот круг од квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2019 година во Кина.
Во овој јунски „прозорец" обврските на Марковски и неговите соработници од стручниот штаб се да добијат најмалку еден од двата меча. Прво, на 28. јуни, односно гостувањето во Холандија. А потоа и на 1.јули, против Хрватска на домашен терен.

„Не е никаква тајна, доаѓањето на Заре во Романија е полн погодок, тоа го велат сите вработени во нашата федерација" - дополни Георгиев, кој во оваа прилика беше во улога на домаќин на нашите тренери кои се со работен ангажман во Романија, поточно во Букурешт.

„Искрено се надевам дека Марковски ќе ја однесе Романија и во следниот круг на натпреварите. Нема да биде лесно, особено сега кога се знае дека Хрватска ќе има значително засилена постава, со НБА играчи во тимот. Нашата шанса ја гледам во дуелот со Холандија, селекција која ја добивме на домашен терен во Клуж, иако остана впечатокот дека победата требаше да биде изразена со поголема позитива"- вели Георгиев, кој од пред извесно време е дел од романската кошаркарска федерација, задолжен за развој на младинските кетегории.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка