ДРАМАТИЧНО ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО САРАЕВО

Македонија е полуфиналист, за место во А дивизијата против домаќинот – Босна!

Кадетската репрезентација ќе игра во полуфиналето на ЕП од Дивизијата „Б" во Сараево. И тоа против селекцијата домаќин – БиХ, утре вечер (18.45.часот) ќе проба да стигне до она што до пред една седмица, изгледаше недостижно.

објавено: 16 август 2018 - 22:49

Кадетската репрезентација ќе игра во полуфиналето на ЕП од Дивизијата „Б" во Сараево.

И тоа против селекцијата домаќин – БиХ, утре вечер (18.45 часот) ќе проба да стигне до она што до пред една седмица, изгледаше недостижно.
Место во А дивизијата за кошаркари „Под 16" годни.
Во четвртфиналето „падна" Романија. По нималку лесни 40.минути на крјаот...
Романија – Македонија 71:74 (18-25; 15-17; 15-10; 23-22)
Одлично го отворивме овој дуел насловен од оние „да се биде или не". Меч во кој победникот зема се, оди кон местата на врвот,во овој случај во А Дивизијата, поразениот пак останува долу, без шанса за поправен.
По нешто повеќе од пет минути Македонија веќе имаше двоцифрено водство од (15:5). Не го спречи ниту раниот тајм-аут на романскиот селектор.
Нашата малку изменета прва, и повисока петорка (со Мирковски на местото на Величковски) функционираше одлично во нападот.

Бескрајната серија ги донесе нашите млади кошаркари и до (19:5). Вториот поен од игра, Романија го постигна дури по седум минути игра, за прекин на тој празен од (7:19). На -10 (11:21),во 8.минута од четвртфиналето, нашиот стручен тим побара минута за совети. Без особен ефект затоа што до истекот на првиот период, Романците фатија резултатски приклучок (18:23).
Но Данаиловски ги погоди двете слободни фрлања за солидно водство, (25:18)...
Период во кој Миловановиќ и Андоноски уфрлија по шест, Мирковски пет, а по три поени уште Савиќевиќ и Петрушевски.
Почетокот на втората четвртина донесе уште поголемо приближување на противникот. По четири минути, имавме само плус четири, (28:24).
За пет и пол минути имавме дадено само пет поени, Романија сериозно се доближи, на само „еден посед на топката", (28:30), за втор македонски тајм-аут.
А двете тројки,прво на Величковски, потоа и на Милованови го вратија нашиот тим во вистинскиот колосек (38:30) пред последните две минути од првото полувреме.
На истекот на првиот дел, сосема солидни (42:33), во кои Мирковски и Андоноски се „вградија" со по десет поени, Миловановиќ имаше девет, како поентери, секако.
Но многу поважен беше оној одбранбен момент со кој ги спречивме повисоките противнички кошаркари да поентираат „од близина". А и кога го правеа тоа, им требаше многу напор и сила да реализираат.
Така не беше на почетокот на третиот дел кога Романија одново се закани, стигна до -4, (40:44), Но само пред Савичевиќ да погоди за три.
По четири миниту во четвртата четвртина, Романија беше на чекор до нас (56:57). Но го одбивме и тој напад на противникот. Со серија од шест поени (63:56) за нови романски главоболки, и минута одмор, секако...
Таа разлика за Романците беше недостижна, иако дојдоа на (71:72), сите шанси им ги одзема мирната рака на Миловановиќ, кој на шест секунди пред крајот, ги погоди двете слободни фрлања за конечни (74:71), доволно за Македонците високо ги подигнаа рацете, за голема радост, и ушт еедна би се рекло и историска шанса.
По долги, долги години Македонија да обезбеди пласман во елитната конкуренција, макар и во кадетска конкуренција.
За последен пат тоа се случи во 2006 година, со една друга генерација на млади македонски кошаркари.
На ред е полуфиналето, БиХ е во предност, но Македонија покажа дека знае да игра, и дека може да победува.

 

 

Најново во Кошарка