ДВЕ „КОНТРОЛИ" СЕ ПРЕД НАШИТЕ МЛАДИНЦИ

Македонија без Димитријевиќ, Бугарија без Минчев

На десетина дена пред почетокот на ЕП од Дивизијата „Б", нашите кошаркари „Под 20" години во наредните два дена ќе реализираат уште две проверки.

објавено: 2 јули 2018 - 20:15

На десетина дена пред почетокот на ЕП од Дивизијата „Б", нашите кошаркари „Под 20" години во наредните два дена ќе реализираат уште две проверки.

За жал по стручниот тим предводен од селекторот Никола Василев, „црвено-жолтите" ќе патуваат (утре изутрина) во некомплетен состав.

Поради недоволно санираната повреда на бутниот мускул двете „контроли" во Софија ќе ги пропушти нашиот најдобар играч во овој состав, Ненад Димитријевиќ, што дефинитивно му создава дополнителни проблеми на нашиот стручен тим во реализација на планираните активности, пред се воигрувањето на Димитријевиќ со другиот дел од екипата.
Димитријевиќ и Петар Огњеновиќ беа двајцата играчи кои подоцна се приклучија во овој подготвителен период.
Не ги играа оние први контролни средби против селекцијата на Унгарија. А играа малку и на гостувањето во Тиват, каде младинскиот македонски состав разигруваше со селекциите на Црна Гора и на Русија.
Инаку првата „контрола" во Софија е предвидена за утре попладне, од 17. часот по македонско време. Ќе се игра во салата „Универзијада", додека пак вториот меч е закажан наредниот ден, а терминот ќе биде дополнително одреден по барање на селекторите Василев и Папазов.
Според последните информации од Бугарија, ослабени ќе бидат и домаќините, затоа што на повреда се пожалил нивниот најдобар кошаркар во оваа возрасна категорија, Jордан Минчев.

Најново во Кошарка