СЛОВЕНЦИТЕ ИМАА ПОДОБАР ФИНИШ И ПОБЕДИЈА

Крајот го расипа делото (ВИДЕО)

Серијата (12-0) на Словенија во финалните три минути од премиерниот дуел во Словењ Градец, го донесе победникот во дуелот со нашиот најмлад репрезентативен состав (69:56)...

објавено: 23 август 2018 - 12:58

Имавме добар почеток, лоша средишница, па враќање од едноцифрената негатива на достижни три поени.

Но немавме сили за комплетен пресврт на премиерниот натпревар од 14. по ред издание на „Словениа Бол“3 во Словењ Градец.

СЛОВЕНИЈА (У-14) – МАКЕДОНИЈА (У-14) 69:56 (19-16; 25-14; 7-13; 18-13)

Навистина добар почеток имаше нашиот тим, предводен од највисокиот играч на теренот, Теодор Симиќ. Македонија имаше водство (16:12), по осум минути игра, а Симиќ веќе комплетираше девет поени и пет скока.

Но првиот период нашите најмлади репрезентативци сепак го загубија (19:16).
проблемите дојдоа кога на теренот во Словењ Градец се појави, условно кажано втората петорка. Со повеќе расположени кошаркари Словенија направи (25:14) и на одморот имаше високи (44:30).

Добро игравме и во третиот период во кој анулиравме половина од негативата која ја имавме на полувремето. Тој дел од премиерната игра во Словењ Градец, го добивме со (13:7), за минус од осум поени (43:51).
На влезот во последниот дел, Македонија се доближи и на (50:55), потоа, по поентирањето на Јовановиќ, и на -3 (54:57), кога останаа три и пол минути од играта.
А во нив целосен пад во играта на нашите млади кошаркари. Со серија од дванаесет поени по ред, Словенците стигнаа до недостижни (69:54), и прва победа на турнирот чии организатори се.
На овој прв официјален меч за оваа селекција, Симиќ заврши со висок дабл-дабл ефект од 14. поени и 13. скока. Трипуновски имаше 12. реализации, а Јовановиќ и Стојковски додадоа по осум.
За неколку часа, избраниците на селекторот Благоја Кечовски ги чека уште еден тежок дуел, против селекцијата на Хрватска.

Средбата е закажана за 18.часот.

 

 

Најново во Кошарка