ГИ „ПРОЧИТА“ РОМАНЦИТЕ И ПРЕД ВРЕМЕ

КОСТОСКИ: Способни сме сами да си ја решаваме својата судбина!

„Многу важна победа, особено со двоцифрена разлика, во реваншот многу ќе ни значи тоа. И дека и во следниот меч со Косово ќе ја оправдаме улогата на фаворит. Разликата нема да биде важна, сакаме да не биде важна. Мислам дека сме доволно добри да бидеме во таква ситуација, да го однесеме тој меч во Романија во наша корист"- смета нашиот бек по убедливиот триумф во Скопје (90:76).

објавено: 16 септември 2018 - 20:43

Александар Костоски пак покажа дека добро е запознат со квалитетите на романскиот состав. Иако призна дека бил помалку изненаден, од почетните случувања во „Борис Трајковски".

Доби простор против добро познатите противници од Романија, а искусниот организатор на играта го искористи во целост. Беше двигател на акциите на нашиот национален тим во дуелот со Романија во кој го погоди и резултатот, дека ќе биде „двоцифрен", секако во наша корист.

„Почнавме малку успорено, сакавме од самиот почеток да победиме. Но не оди тоа така, Романија даде доста голем отпор, но во продолжението успеавме да го фатиме нашиот ритам. И кога веќе дојдовме до тоа, успеавме да го задржиме до самиот крај".
Во секој случај, многу важна победа, особено со двоцифрена разлика, во реваншот многу ќе ни значи тоа. И дека и во следниот меч со Косово ќе ја оправдаме улогата на фаворит.
Разликата нема да биде важна, сакаме да не биде важна. Мислам дека сме доволно добри да бидеме во таква ситуација, да го однесеме тој меч во Романија во наша корист"- искоментира напиот бек по средбата која ја решивме во наша корист со убедливи (90:76)

Најново во Кошарка