ПРВИОТ ПЛЕЈ НА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ДУЕЛОТ СО КОСОВО

Костоски: Првите натпревари секогаш се најважни, но и најтешки!

Александар Костоски посакува нашиот национален тим да тргне со триумф против Косово. За своевиден реванш на случувањата од ланскиот дуел во кој останавме без пласман во оние главни квалификации за СК 2019 во Кина.

објавено: 11 септември 2018 - 11:00

Лани беше едно, оваа година, сите очекуваме дека ќе биде обратно. Дека Македонија ќе слави победа над Косово во првиот меч од втората претквалификациска фаза за пласман на ЕП 2021 година.

Еден од оние кои беше „сведок" на ланскиот пораз во Приштина, е Александар Костоски.

Новиот плеј на Гостивар вели дека лекцијата е научена. Дека е особено важно да се почне добро во салата во Приштина. Секако, за да не се влезе" во она ланско „сценарио" особено во првите 20.минути од играта.

„Првите натпревари секогаш се најважни, но би додал, и најтешки. Пред една година, со Косово игравме двомеч во кој имавме по една победа и еден пораз. Но оној меч во Приштина сѐ уште ни 'боде во очи'. Сега сме комплетни, и сега сакаме да тргнеме со победа.
За разлика од претходниот меч, треба да го почнеме натпреварот многу подобро. Задоцнето реагиравме на таа средба. Ривалот направи предност од 15 поени и тешко беше да се стигне. Сега имаме поквалитетен тим, но тоа мора да го покажеме на теренот. Ние сме една нова репрезентација, мора да даваме 100% од себе на секој натпревар за да победиме. Мислам дека со Косово ќе одлучи поголемата желба за победа, која се надевам дека ќе биде на наша страна"- смета нашиот организaтор на играта.

Најново во Кошарка