РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ПЛЕЈМЕЈКЕР ОЧЕКУВА ДВЕ НОВИ ПОБЕДИ

Костоски: Не ни треба Заре Марковски за мотивација, играме за Македонија, тоа е повеќе од доволно

Македонскиот репрезентативец, Александар Костоски најдобро ја познава романската кошарка, две години беше дел од тимот на Питешти. Новиот член на Гостивар предупредува дека во Приштина мора да се надигра противникот.

објавено: 31 август 2018 - 20:44

Ако сакаат да продолжат успешно во битката за пласман на ЕП 2021, кошаркарите во септемврискиот циклус ќе мора да го добијат мечот со Косово на гости, а потоа против Романија да го зададат клучниот удар...вака размислува Александар Костоски, кој пак добро ги познава Романците, две години настапуваше за Питешти.

„Романците имаат нов селектор, доаѓаат со најсилен состав. Од мое искуство, првиот квалификациски меч ќе биде многу потежок од вториот дуел со Романија. Мора сериозно да го сватиме дуелот со Косово, да отвориме добро. 

Сигурен сум дека сите ќе дадат многу повеќе, не треба да ги повториме истите грешки, со малку подобра тактика ќе биде добро да извојуваме победа, за да потоа клучен меч против Романија да го олесниме патот“, вели Костоски.

За малку Македонија против Романија за непријател ќе го имаше Заре Марковски, кој поднесе оставка на селекторското место на оваа репрезентација.

„Нам не ни треба Заре Марковски за да бидеме мотивирани. Играме за Македонија, тоа е повеќе од доволен мотив“.

Отсуството на голем дел од репрезентативците ги отежнува подготовките, Јорданчо Давитков, во комплетен состав ќе може да работи нешто подоцна. 

„Имаме одлична хемија, токму затоа верувам дека ќе успееме да се подготвиме максимално иако кратко ввреме ќе бидеме комплетни“.

Најново во Кошарка