НАША НЕВЕРОЈАТНО ЛОША ЗАВРШНИЦА НА „СЛОВЕНИА БОЛ" 2018

Кога и плус 23 не е доволно за победа...

По триумфот над Украина, македонските кошаркари, родени 2004 година, играа против Црна Гора за петтото место на турнирот во Словењ Градец... Имаа и 23 поени предност, но тоа не им беше доволно да победат (77:83) па на крајот сме само шести!

објавено: 26 август 2018 - 15:21

Имаа и 23 поени предност, некаде на средината на третата четвртина. Имаа се во своите раце. На крајот, останаа, како што обишно се вели, со „празни раце“.

Црна Гора направи неверојатен камбек, за кошаркарски учебници, покажа како треба да се игра и на минус 23, и затоа на крајот нивнигто пеионери дојдоа до наградата.

Поточно победата и петото место на турнирот „Словениа Бол“ во Словењ Градец!

ЦРНА ГОРА (У-14) – МАКЕДОНИЈА (У-14) 77:83 (11-11; 21-27; 20-24; 31-15)

По егал резултатот во судирот на првите петорки (11:11), онаа втора македонска, предводена од одличниот Гудев, стигна до двоцифрено водство. И тоа во неколку наврати, а највисокото (38:24), го имавме во 18.минута.
Но во оние последни две од полувремето, нашите млади кошакари влегоа во серија на избрзани потези и грешки во додавањата. Црногорците го казнија тоа, со серија од (8-0) се вратија во мечот кој одлучуваше кој ќе биде петти на турнирот.

На полувреме имавме „само" (38:32), Гудев веќе собра 13. поени, иако се можеше да биде уште подобро за нашиот тим „Под 14" во тие 20.минути од играта.
А по одморот, една вистiнска кошаркарска „експлозија" на нашите момчиња.

Или серија од (19-2) за големи, убедливи (57:34).
Но само наизглед големи, убедливи. Иако Црногорците важат за мрзелива нација, нивните пионери пробаа и успеаја по втор пат да се вратат во игра. До истекот на третата четвртина таа негатива на „преполовија". Беше „само" (62:52) за Македонија, парцијално гледано, тој дел противникот го доби со (18-5).
Серијата на противникот продолжи и во последниот дел. Се доближија Црногорците и на -2 (60:62) кога останаа 7:18 минути до крајот. Серијата за момент, со тројка, ја прекина Трипуновски. Но црногорскиот налет траеше, им донесе и водство (67:65), кое во средишнцата на последниот дел беше и шест поени, (73:67), а серијата (21-5) за Црна Гора.

Тука некаде стана јасно дека го загубивме овој „веќе добиен“ натпревар, ама само во мислите на нашите млади кошаркари.

Доволно за една голема поука, дека се игра во текот на сите 40.минути!

РЕЗУЛТАТИ НА МАКЕДОНИЈА НА „СЛОВЕНИА БОЛ“ 2018
ГРУПНА ФАЗА
МАКЕДОНИЈА - Словенија 56-69
МАКЕДОНИЈА – Хрватска 82-55
МАКЕДОНИЈА – Русија 51-79
МАКЕДОНИЈА – Унгарија 54-66
ЗА ПЛАСМАН (5-8.МЕСТО)
МАКЕДОНИЈА – Украина 70-66
МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 77-83

Најново во Кошарка