ТРЕТ ПОРАЗ НА КАДЕТКИТЕ НА ЕП ВО ПОДГОРИЦА

Ќе почекаме на првиот триумф...

Трет настап и трет пораз за нашиот женски кадетски состав на ЕП од Дивизијата „Б" во Подгорица. По Велика Британија и Грција, подобри од нашиот кадетски тим беа и младите кошаркарки на Шведска (62:41)...

објавено: 18 август 2018 - 15:25

Трет настап и трет пораз за нашиот женски кадетски состав на ЕП од Дивизијата „Б" во Подгорица.
По Велика Британија и Грција, подобри од нашиот кадетски тим беа и младите кошаркарки на Шведска, што што и теоретски сме без шанси за преми во првите осум на првенството.
Шведска – Македонија 62:41 (15-7; 11-4; 27-19; 11-11)
Само 11. реализирани поени имаа нашите кадетки во првото полувреме. Дадоа седум во првата, и повеќе од скромни четири во втората четвртина. Противниот изброја до 26, за големи, за убедливи (26:11). Четири даде Селцова, три Колева, а по два Атанасовска и Модева.

Многу пообро изгледаше нашата оигра во нападот во второто полувреме. Во третата четвртина избраничките на селекторот Стојна Вангеловска реализираа скоро двојно повеќе отколку цело прво полувреме, поточно 19. поени.
Но погодуваа и противничките кошаркарки, кои на истекот на третиот период водеа со (51:30).
Најдобрите моменти на оваа середба ги имавме на почетокот на последната четвртина, кога со серија од (8-2) намаливме на (38:53). Но за жал, тоа не беше со „долг рок на траење“.

По еден ден одмор, во понеделник, од 20.30 часот, играме против домаќинот, селекцијата на Црна Гора, додека првата фаза ја затвораме ден подоцна, со дуелот против Исланд (од 17.15.часот).

Најново во Кошарка