НЕВЕРОЈАТНО ФИНАЛЕ ВО НОВИ САД

Кадетската титула за „коцкастите"

Со поените на Роко Пркачин на нецели четири секунди пред крајот, селекцијата на Хрватска славеше минимална победа над фаворизираната Шпанија (71:70) и го освои златниот медал на ЕП за играчи „Под 16" години.

објавено: 18 август 2018 - 22:24

Селекцијата на Хрватска е сензационалниот шампион во „А" Дивизијата. На ЕП кое пред малку заврши ов Нови Сад, кадетскиот состав на „коцкестите" стигна до голем триумф во финалниот меч против селекцијата на Шпанија (71:70).
Златниот медал им го донесе нивниот најдобриот играч, Роко Пркачин, кој на нецели четири секунди пред крајот положи за минимално водство, а потоа и победа откако во тој краток период Шпанците не го погодија противничкиот кош.
Претходно во натпреварот за третото место, селекцијата на Турција славеше убедливо против Франција (82:59).
Во најдобрата петорка на шампионатот влезе хрватскиот двоец, Роко Пркачин-Борис Тишма (Хрватска), Осман Гаруба и Хектор Алдеретеод Шпанија, како и Алперен Шенгун од Турција.
За најкорисен играч на ова првенство во Србија, апсолутно заслужено е прогласен творецот на златото, Роко Пркачин.

 

Најново во Кошарка