И покрај сигурниот триумф над комбинираниот тим на МЗТ

ЈОРДАНЧО ДАВИТКОВ: Делумно сум задоволен

објавено: 9 септември 2018 - 10:40

Нашиот национален тим лесно се справи со комбинираниот состав на „металците". Но и покрај крајниот епилог, победа од (94:82), селекторот Јорданчо Давитков вели дека има доста работи за поправање.

„Само делумно сум задоволен од одиграното на вечерашниот дуел, но гледам напредок во формата особено што само два дена тренираме во комплетен состав. Имаме уште десетина тренинзи да ги исправиме грешките и очекува вистинското лице да го прикажеме онаму каде што е и најпотребно – дуелите со Косово и Романија"- потенцираше Давитков по контролата во Аеродром.

Најново во Кошарка