НИШТО НОВО ВО ПОДГОРИЦА

И четврта „нула" - последна шанса за победа е Исланд

Женската кадетска селекција на Македонија забележа уште еден, четвртти пораз по ред на ЕП од Дивизијата „Б". Подобра од нашата селекција, беше онаа на домаќинот на овој турнир Црна Гора (68:48).

објавено: 20 август 2018 - 22:16

Женската кадетска селекција на Македонија забележа уште еден, четвртти пораз по ред на ЕП од Дивизијата „Б". Подобра од нашата селекција, беше онаа на домаќинот на овој турнир Црна Гора.

Славеа Црногорките со убедливи 68:48 (8-20; 22-15; 6-17; 12-16) па нè оставија утре попладне со Исланд да одлучуваме кој ќе го избегне последното место во ова агрупна фаза.
На овој натпревар имавме два слаби периоди-четвртини, првата и третата.
Во онаа уводната Црногроките направија двоцифрена предност (20-8), која до полувремето избраничките на селекторот Стојна Вангеловска, ја намалија на (30:35).
Но слично како во првата одигравме во третата четвртина по која домашната екипа одново обезбеди предност која ја сочува до самиот крај.
Матеја Николиќ и Илина Селцова ги реализираа најголемиот број од поените на нашата селекција. Си поделија по 18 поени, а од оние другите, Атанасовска уфрли осум, а Костова и Поп-Стојанова уште по два.
Утре попладне, од 17.15 часот, играме против селекцијата на Исланд, и тоа ќе биде последната наша шанса за триумф во оваа прва фаза од првенството во Подгорица, пред преселбата во оние утешни групи.

Најново во Кошарка