Шестти пораз по ред за кадетките на првенството во Подгорица

И Бугарките ни покажаа како треба да се игра

Во натпреварот за пласман од 17 до 23 позиција на ЕП во Црна Гора, Бугарија лесно ја победи Македонија (73:58)...

објавено: 23 август 2018 - 17:04

Женската кадетска репрезентација на Македонија го забележа и шестиот пораз по ред на ЕП од Дивизијата „Б" за кошаркарки „Под 16" години.

Една слаба четвртина, онаа втората беше „виновна" за уште еден неуспех за селекцијата која ја предводи Стојна Вангеловска.
Македонија – Бугарија 58:73 (15-21; 5-24; 18-15; 20-13)
Илина Селцова го предводеше нашиот тим кога се зборува за оној поентерски ефект. Реализираше 26.поени, имаше и шест скока и три асистенции. Двоен број на поени имаше само уште Елена Тасевска – 17, плус сосема солидни девет скока.
Многу малку, нецели осум минути одигра нашата најдобра кошаркарка во оваа селекција Матеја Николиќ (три поени и еден скок).

 

Најново во Кошарка