АМЕРИКАНЕЦОТ Е ВО ЕВРОПА, ТОА Е ДОБАР ЗНАК

Хендрикс ја решава нервозата со играње за Македонија?

Високиот и снажен Американец има семејни проблеми, но е подготвен да се постави над моменталната ситуација, дури и да заигра за нашиот национален тим. Преговорите се во тек...

објавено: 5 септември 2018 - 13:00

Никогаш не вели никогаш... Па така и сега во случајот со Ричард Хендрикс.

Иако одамна го информираше раководството на Макеоднската кошаркарска федерација дека е подтотвен за репрезентативна пензија, сепак, актуелниот играч на францускиот Ле Ман, не е „загубен случај", односно зад неговото презиме останува знак-прашалник за и окоу евентуално враќање во националнито тим на Македонија.
Селекторот Јордано Давитков на првиот собир на националите рече дека Ричард Хендрикс е единствената „странска опција" во овој момент. И дека доколуу постои било каква шанса да го премислат силното крило, ќе се обидат да ја реализираат.
А се чини дека некој ден подоцна и се отвора една таква прилика. Од причина што Американецот со македонски пасош полека сака да се врати во реалноста, односно по оние семејни проблеми кои ги има во САД, сака сета таа фрустрираност да ја остави зад себе и да заигра кошарка.
И тоа репрезентативна.

Од МКФ велат дека шансите за негов нов кам-бек во нашиот национален тим од ден на ден стануваат се поголеми. И дека нема да биде никакво изненадување доколку за некој ден го видиме на тренинг во Скопје.

"Во ниту еден момент не сме се откажале од намерата да го имаме Ричард Хендрикс во составот на нашата најдобра селекција. Така е и сега. Правиме максимални напори во оние разговори да најдеме некое решение. Свесни сме за актуелниот момент во кој се наоѓа тој. Но се обидуваме и од наша страна да помогнеме колку што тоа е реално можно. Да заборави на проблемите кои ги има дома, а тоа се лечи со играње на што е можно поголем број на натпревари од ваков репрезентативен карактер" – велат од МКФ.

Она што е особено важно е дека Хендрикс е веќе во Европа, односно е вклучен во тренажниот процес на францускиот првак Ле Ман.
Ле Ман веќе одигра и некои контролни натпревари, а на последниот, во убедливата победа против Нантер (86:72), Ричард Хендрикс реализираше 14. поени, и беше еден до најдобрите поединци во победничката екипа.

Доколку дојде до реализација на планираните активности на раководството на федерацијата, ова ќе биде повторен случај, односно момент во кој 203. сантиметри високиот Американец ќе се врати во нашата најдобра селекција.
Така беше и до пред повеќе од една година, кога на официјална „молба" на раководството на МКФ, заборави на случувањата по ЕП во Загреб 2015 година, и заигра во оние претквалификациски натпревари за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Би сакале да го смени мислењето, барем уште еднаш...
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка