КРАЈ НА ПРВИОТ КРУГ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2019

ФАВОРИТИТЕ СПОРЕД ПЛАНОТ: Грозница во Германија – дебакл на Словенија

Четири фаворитски селекции, оние на Шпанија, Франција. Литванија, Грција поминаа со максимален ефект од шест победи во исто толку мечеви, скор кој го имаат и „панцерите"... Потполно разочарување е европскиот шампион кој има само две победи и на „половина од патот", е далеку од Кина...

објавено: 3 јули 2018 - 10:55

Во периодот од 13. септември до 18. февруари 2019 година, ќе се одиграат уште шест натпревари по кои ќе бидат познати 12. патници кои ќе тргнат за Кина и ќе бидат дел од Европа на Светскиот Куп.

А засега,четири селекции кои и важеа за фаворитски, туркаат со стонастотен ефект. Односно ги добија сите шест натпревари во првите три „прозорци" на ФИБА.
Ако тоа и се очекуваше од тимови како Шпанија, Литванија, Франција па и Грцоја, сигурно е дека селекцијата на Германија е најголемото и позитивно изненадување.

Во силната група со Србија и со Грузија, и „панцерите" стигнаа до максимален ефект, и со голема веројатност ќе бидат дел од тие 12.селекции кои ќе одат на кошаркарскиот Мундијал во најбројната земја на светот.
Пред се затоа што сега се формираа четири нови натпреварувачки групи (со по шест учесници), во кои се пренесени бодовите од првата прва фаза.

Првопласираните три екипи во следните три „прозорци" кои следуваат во септември, ноември и февруари следната година, ќе обезбедат и пласман на СК во Кина.
Преостанатите 12, пак ќе ги продолжат натпреварите во квалификациите за ЕП 2021 година, се разбира како носители на групите.

Ако Германија е пријатно изненадување, тогаш европскиот првак Словенија е дефинитивно е онаа репрезентација која најмногу разочара во овој квалификациски циклус.
Без водачите како Драгич и Дончиќ, „змаевите" не личат на шампионска екипа за што сведочи и нивниот ефект од само две победи и четири порази во првиот круг, кој ги става на последното место во новоформираната група „И" во која многу понапред се Шпанија (6-0), Турција и Летонија (4-2), победа повеќе имаат и Украина и Црна Гора (3-3).

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Група А
Шпанија – Белорусија 80:60
Словенија – Црна Гора 74:87
Табела: Шпанија 12 бода, Црна Гора 9, Словенија 8, Белорусија 7.

Група Б
Украина – Летонија 71:93
Турција – Шведска 77:52
Табела: Турција 10, Летонија 10, Украина 9, Шведска 7.

Група Ц
Унгарија – Литванија 50:73
Косово – Полска 70:103
Табела: Литванија 12, Унгарија 9, Полска 9, Косово 6.

Група Д
Холандија – Италија 81:66
Романија – Хрватска 63:90
Табела: Италија 10, Холандија 9, Хрватска 9, Романија 8.

Група Е
Белгија – БиХ 79:77
Русија – Франција 78:84
Табела: Франција 12, Русија 9, БиХ 8, Белгија 7.

Група Ф
Финска – Исланд 91:77
Чешка – Бугарија 81:75
Табела: Чешка 11, Финска 9, Бугарија 8, Исланд 8,.

Група Г
Грузија – Австрија 98:73
Србија – Германија 81:88
Табела: Германија 12, Србија 10, Грузија 8, Австрија 6.

Група Х
Естонија – Грција 56:78
В. Британија – Израел 59.67
Табела: Грција 12, Израел 9, Естонија 8, В. Британија 7.

 

ВТОРА ФАЗА КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА И
Шпанија 6 6 0 497:431 12
Турција 6 4 2 437:389 10
Летонија 6 4 2 477:453 10

---------------------------------------

Црна Гора 6 3 3 454:443 9
Украина 6 3 3 440:450 9
Словенија 6 2 4 484:492 8

ГРУПА Ј
Литванија 6 6 0 512:352 12
Италија 6 4 2 474:405 10
Полска 6 3 3 434:416 9
-----------------------------------------
Хрватска 6 3 3 431:419 9
Унгарија 6 3 3 414:421 9
ГРУПА К
Франција 6 6 0 479:377 12
Чешка 6 5 1 464:425 11
Русија 6 3 3 458:428 9
--------------------------------------------
Финска 6 3 3 453:449 9
Бугарија 6 2 4 466:476 8
БиХ 6 2 4 400:481 8

ГРУПА Л
Германија 6 6 0 508:414 12
Грција 6 6 0 513:432 12
Србија 6 4 2 514:449 514:449 10

------------------------------------------------
Израел 6 3 3 438:458 438:458 9
Грузија 6 2 4 460:460:495 8
Естонија 6 2 4 415:459 8

Најново во Кошарка