НА ПОЛУВРЕМЕ ОД ПОЛУФИНАЛЕТО: Македонија – БиХ (50:50)

ЕГАЛ НА ИЛИЏА: По две „педесетки“ на двете страни

Босанците имаа плус 10 во првата четвртина (21:11), ние плус шест во втората (48:42), засега е нерешено...

објавено: 17 август 2018 - 19:43

Со високи (17:10) поведе БиХ по пет минути од полуфиналето. Доволен знак за нашата клупа да го потроши првиот тајм-аут. Противникот имаше доста отворени, но и погодени удари од далечина, пред се во таа уводна фаза од натпреварот.

Имаа Босанците и плус 10 (21:11), но тројката на Мирковски од аголот, ги раздвижи работите во нападот кај нашиот кадетски состав. До истекот на првиот период, се вративме и резултатски во игра, беше (20:23) за домаќинот на шампионатот.
Но по нецели четири минути игра во вториот, стигнавме од нерешен скор, (31:31).
Иако имавме и плус од шест поени (48?42), по четвртата тројка на Мирковски (од четири обиди), на истекот на првото полувреме беше егал (50:50).
Ако Мирквоски погодуваше од далечина, Миловановиќ, а пред се Петрушевски беа вистинска енигма за одбраната на БиХ.
Воопшто, нашите крилни играчи беа во преден план на овој дуел и тие 20.минути. Пред се ефикасни (на двете страни паднаа дури сто поени)
.

 

Најново во Кошарка