ШТО Е СЛЕДНО ЗА НАШИТЕ СЕНИОРИ

„Довидување" до 13 септември

На почетокот на есента, ќе продолжиме со патот кон Евробаскето 2021 година, кога ги играме и првите два меча од вторито претквалификациски циклус, против селекциите на Косово и на Романија.

објавено: 2 јули 2018 - 16:05

Македонија, заедно со Данска, Португалиja и Ерменија го помина првиот претквалификациски циклус, и продолжува понатаму во обидот да се врати во елитната европска дивизија.
А според однапред утврдениот ред, нашиот сенироски национален тим ќе го продолжи патот кон Евробаскетот 2021 година, во септември.
И тоа како дел од новоформираната група „Б", во која се уште и две од осумте најслабопласирани селекции од квалификациите за СК 2019 во Кина. Односно, согласно со ждрепката, тоа се репрезентациите на Косово (најслаба во групата „Ц") и на Романија (последнопласирана во групата „Д").
Поточно, ќе бидат формирани нови четири групи (со по три екипи-учесници) од кои само првопласираните четири ќе обезбедат директен пласман во оние „вистински" евро-квалификации за шампионатот во 2021 година.

Новиот циклус „црвено-жолтите" ќе го почнат на 13.септември, и тоа на гостински терен. Три дена подоцна во тој септемвриски „прозорец" сме домаќини.
Следува пауза, до 29. ноември, кога се игра третото коло (Македонија не го игра, затоа што е слободна), а веќе на 2. декември, одново сме домаќини.
Последните два термини се во февруари, наредната 2019 година...
На 21. февруари гостуваме во Косово, а на 24 .февруари овој втор круг во групата „Б" ќе биде затворен со средбата Романија-Косово, по што ќе биде познат конечниот пласман во сите четири натпреварувачки групи.

Најново во Кошарка