ДЕНЕСКА И УТРЕ,ПОСЛЕДНО 6. КОЛО ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК 2019

ДИЛЕМИ ЗА ЗАРЕ И ЗА РОМАНИЈА: Или кон нас или кон Кина?

Вечерашниот дуел во Клуж, закажан за 18. часот, ќе ја симне дилемата која селекција покрај Косово, ќе биде и наш втор противник во втората рунда од претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година.

објавено: 1 јули 2018 - 14:40

Вечерва, од 18 часот, Хрватите и гостуваат на Романија во Клуж, и треба да ја оправдаат фаворитската улога, за да останат на патот кон СП во Кина. Романците, чиј селектор е македонскиот стручњак и екс спортски директор на МКФ, Заре Марковски, после тешкиот пораз од Холандија, доколку загубат и од Хрватите, што е реално, ќе бидат противник на Македонија во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2021.

Ако Романија вечерва ја изненади Хрватска, тогаш пак „коцкестите" ќе бидат нашиот ривал во вториот претквалификациски циклус за ЕП 2021 година.
Втората фаза стартува во септември, продолжува во ноември, а завршува во јануари. Доколку после тие шест кола, Македонија биде првопласирана во групата, ќе влезе меѓу 32-те најдобри репрезентации во Европа, кои во квалификациите ќе се борат за 24-те места на Евробаскетот кој ќе се одржи во 2021 година.
Доколку бидеме втори или трети во групата со Косово и Романија, тогаш во летото 2019 година ќе треба да се бориме за едно од четирите слободни места во квалификациите, во конкуренција на 13 тима.
Тие 13. селекции ќе бидат сите што играле претквалификации во првата и втората фаза, а не обезбедиле пласман понатаму.

 

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
ДВОЈКИ 6. КОЛО
ДЕНЕСКА:
Група А
18.30: Шпанија – Белорусија
20.00: Словенија – Црна Гора
Табела: Шпанија 10 бода, Словенија и Црна Гора по 7, Белорусија 6.

Група Б
15.00: Украина – Летонија
17.00: Турција - Шведска
Табела: Турција, Украина и Летонија по 8, Шведска 6.

Група Ц
20.00: Унгарија – Литванија
20.30: Косово – Полска
Табела: Литванија 10, Унгарија 8, Полска 7, Косово 5.

Група Д
18.00: Холандија – Италија
18.00: Романија – Хрватска
Табела: Италија 9, Холандија, Романија и Хрватска по 7.

2. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК):
Група Е
20.30: Белгија – БиХ
18.00: Русија - Франција
Табела: Франција 10, Русија 8, БиХ 7, Белгија 5.

Група Ф
17.45: Финска - Исланд
18.00: Чешка – Бугарија
Табела: Чешка 9, Финска 7, Исланд 7, Бугарија 7.

Група Г
17.00: Грузија – Австрија
20.00: Србија – Германија
Табела: Германија 10, Србија 9, Грузија 6, Австрија 5.

Група Х
18.00: Естонија - Грција
20.30: В. Британија - Израел
Табела: Грција 10, Израел и Естонија по 7, В. Британија 6.

Најново во Кошарка