НОВ ПОВИСОК ПОРАЗ НА НАШИТЕ КОШАРКАРКИ НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“

Дебакл од „минус 42“ на кадетките во Подгорица!

Откако вчера започнаа со пораз од Белгија (44:50), денеска повторно загубија избраничките на селекторот Стојна Вангеловска.

објавено: 17 август 2018 - 20:16

Македонската женска кадетска репрезентација на вториот натпревар од Европското првенство, дивизија „Б", во црногорската престолнина претрпе пораз од селекцијата на Грција со резултат 83:41 (23:12, 19:12, 24:7, 17:10).

Нашата селекција водеше рамноправна борба во првите шест и пол минути од првата четвртина, иако не поведе во ниту еден момент.

Беше 3:3, па 6:7, 9:11, и од тој момент негативата започна немилосрдно да расте се до крајот на натпреварот, едноставно ривалот се покажа како преголем „залак“ за кадетките во Подгорица.

Во нашите редови Илина Селцова беше реализатор на 17 поени (осум скока), а девет поени беа дело на Марија Димитријевиќ. На спротивната страна Ламприни Полимени забележа 16 поени, еден помалку постигна Јоан Хацилеонти.

Следниот трет натпревар нашите кошаркарки ќе го имаат в сабота од 13:45 часот против Шведска.

Најново во Кошарка