ИМА ВРЕМЕ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ И ЕВЕНТУАЛНИ ПРОМЕНИ

ДАВИТКОВ ВЕРУВА: На Витингтон му треба време

„Мислам дека на дуелот со Швајцарија Витингтон помогна во границите на неговите моментни можности, а можеби очекувавме и нешто повеќе од него. Се покажа дека му треба повеќе време за адаптација, повеќе пријателски мечеви за да се прилагоди и воигра, а тука имаше и поголема минутажа отколку во Зенит. Мислам дека колку што можеше ни помогна да останеме први на табелата“- појаснува селекторот.

објавено: 3 јули 2018 - 12:15

За септемвриските мечеви, селекторот Јорданчо Давитков ќе треба да одлучи и кој натурализиран играч ќе го користи за средбите со Романија и Косово. Кандидати се крилниот центар Шејн Витингтон и плејмејкерот Џордан Теодор, кој тогаш ќе може да биде ослободен од клупски обврски бидејќи ќе нема мечеви.

„Мислам дека на дуелот со Швајцарија Витингтон помогна во границите на неговите моментни можности, а можеби очекувавме и нешто повеќе од него. Се покажа дека му треба повеќе време за адаптација, повеќе пријателски мечеви за да се прилагоди и воигра, а тука имаше и поголема минутажа отколку во Зенит. Мислам дека колку што можеше ни помогна да останеме први на табелата“.

Засега Давитков не сака да комбинира околу тоа кој од натурализираните Макеоднци би бил дел од тимот зџа оној септемвриски „прозорец“ на ФИБА.

„Уште е рано да се каже кој натурализиран ќе биде повикан, зависи од ситуацијата. Ќе видиме прво кој од Македонците ќе може да игра, кој е повреден, кој сака да игра, па потоа соодветно ќе реагираме" - објаснува Давитков.

Датумот за почеток на подготовките не е одреден, но стручниот штаб има две опции.

„Не сме договорени кога ги почнале. ФИБА си го правие термините како нив им одговара, не водејќи сметка за клубовите. Бидејќи подготовките на репрезентацијата ќе се поклопи со подготовителни мечеви на клубовите, ќе видиме дали сите ќе ги ослободат играчите за репрезентативните обврски.

Имаме две комбинации. Првата е да тренираме подолг период и да играме повеќе контроли, а другата е што ако клубовите инсистираат да ги задржат играчите. Тешко е да се планира нешто. Но, сигурно ќе ни требаат од 15 до 25 дена подготовки" - вели Давитков.

Најново во Кошарка