СЕЛЕКТОРОТ Е ДОСТА ВНИМАТЕЛЕН

ДАВИТКОВ: Сѐ е во нашите глави и во самодовербата, која сигурен сум нема да ни недостасува

објавено: 1 септември 2018 - 12:00

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има шанса за реванш, да ја поправи грешката направена во ланскиот циклус од квалификациите за Светскиот Куп во Кина 2019 година.

Да биде подобра од селекцијата на Косово, која беше подобра од нашите момци во тој циклус, и што токму тој пораз во Приштина беше една од причините што наместо во квалификациите, се вративме назад, во претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година.
Сега, на стартот на подготовките за овој втор циклус, јасно е дека Косово е уште еднаш пречка која треба да ја поминеме доколку сакаме да одиме и кон онаа следна квалификациска група.
Го знае тоа и селекторот Јорданчо Давитков, кој пред да почне да ги „загрева" оние седумина кошаркари кои се појавија на првито собир, рече дека тој дуел со Косово ,закажан за 13. септември во Приштина е и можеби најважниот во оваа фаза.

„Двете селекции се незгодни. Косово добро го знаеме и ланскиот пораз во Приштина сигурно ќе ни биде мотив повеќе, додека Романците се физички силно. Но затоа пка сметам дека предноста на технички и тактички план е на наша страна. Првиот меч по мене е најважен и ќе сториме сѐ за да дојдеме до победа", изјави Давитков непосредно пред првиот тренинг на националнито тим во малата сала на СЦ „Јане Сандански".

Давитков вели дека екипирањето „на рати" е проблем, но со работа на секој тренинг може да биде надминат.

„Екипирањето во етапи сигурно ни е проблем, но ние ќе работиме напорно од првиот тренинг и ќе се надеваме на најдоброто. Кога ќе ни се приклучат интернационалците ќе може да финишираме и со тактичкиот дел. Сепак, сѐ е во нашите глави и во самодовербата, која сигурен сум нема да ни недостасува"- дополнува селекторот.

Најново во Кошарка