СЕЛЕКТОРОТ ВЕРУВА ВО СВОИТЕ МОМЦИ

Давитков: Можеме и без странец, се зависи од нашите глави

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков на дуелите против Косово и Романија, во составот ќе нема ниту еден странец.

објавено: 31 август 2018 - 21:07

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давтиков на дуелите против Косово и Романија, во составот ќе нема ниту еден странец. Како единствена опција е Ричард Хендрикс, но неговиот тим во моментов прави проблеми.

Предводникот на „црвено-жолтите“ кој во текот на следната недела на располагање ќе ги има сите кошаркари, верува дека и без странец, кошаркарите можат да дојдат до двете победи.

„Го поминавме првиот круг, почнуваме со вториот. Како и сите други репрезентации и ние имаме проблеми со играчите и нормално е за овој период да биде така. Но, што е тука е, ќе се прилагодуваме. Ќе почнеме денес, другите ќе се приклучат подоцна. и чекаме шестмината од МЗТ Скопје, како и странските кошаркари - Бојан Трајковски, Војдан Стојановски, Стојан Ѓуроски..

Разговарав со Хендрикс неколку пати. Ако кажам дека нешто е конечно - ќе излажам. Уште разговараме со него и со клубот. Јас до последен момент нема да се откажам. Како што сега стојат работите, многу тешко е да го имаме Хендрикс. Друга комбинација немаме - или Хендрикс, или без странец. Работите ќе зависат од нас и нашите глави. Ако психички влеземе подготвени во натпреварите, може да одиграме на ниво, зависи дали со или без странец", изјави Давитков.

Македонија првиот меч од септемвриските квалификации за ЕП 2021 година, го игра на 13. септември на гости кај Косово, три дена подоцна ја пречекува Романија. 

Најново во Кошарка