САМО ШТО ТРГНАВМЕ ПО ВИСТИНСКИОТ ПАТ, ВЕДНАШ ПРОБЛЕМ

Давитков индиректно го најави заминувањето, на потег е МКФ

Македонската кошаркарска репрезентација е на добар пат да остане без селектор. Јорданчо Давитков денеска пред медиумите отворено зборуваше за проблемите кои настанаа со септемврискиот претквалификациски циклус кои се поклопуваат со подготовките на неговиот сегашен клуб, Ал Кадсија.  

објавено: 13 јули 2018 - 11:57

Проблем на половина пат кон издигнување на кошарката од калта која се наоѓа веќе долго време. Само што тргнавме во еден вистински пат, МКФ и нашиот национален тим се соочуваат со нови главоболки, овој пат се селекторски.

Предводникот на „црвено-жолтите“, Јорданчо Давитков пред јавноста ги посочи проблемите, долгите подготовки кои репрезентацијата треба да ги има пред стартот на септемврискиот претквалификациски циклус за ЕП 2021 година е пречката која би можеле да остане без „кормилар“.

Давитков има договор со неговиот тим Ал Кадсија, од кого побарал да биде ослободен за ноември и февруари, периодот кога требаше првично да се играат мечевите од претквалификациите.  

„Оваа средба беше на моја иницијатива да објасниме убаво, се да биде јасно, отсекогаш сум сакал чисти сметки. Одигравме еден добар циклус, тоа што беше предвидено го остваривме, се пласиравме во втората рунда. Во тие мечеви се врати тимскиот дух имавме добра атмосфера. Со три добри натпревари се качувавме на некое ниво кое е во моментов е добро за македонската кишарка.

Реално термините на ФИБА се тие, повеќе мислеа на море и на одмор, и не разбирам како во септември го ставиле тој термин. За играчите е лошо, но тие се термините, ние мора да ги почитуваме.

Јас уште по завршувањетона првенството имав разговор со луѓето во клубот Ал Кадсија, во договорот лично инсистирав да бидам слободен во ноември и во февруари, го дозволија тоа. Но исто така и репрезентацијата е важна.

Се беше договорено. И дојде овој септемвриски циклус каде е мошне незгодно со подготовките, една дилема која во секој случај треба да се види како е најдобро. Но во разговорите со луѓето од клубот дозволија 20 дена со репрезентацијата“, рече Давитков.

Македонскиот стратег им даде рок на челниците на МКФ да го променат распоредот за подготовките или пак да најдат решение кое ќе им одговара на сите..

„Со националниот тим ми дозволуваат 20 тина дена, ние имаме подготовки од 35 дена, не можам да бидам тука толку време. Поради тоа дојде до една ваква ситуација и сега разговараме со федерацијата. Почнаа луѓето да се прашуваат да се интересираат, не сакам да споменувам за финансии, клупските се далеку од оние од федерацијата.

Беше моја желба да ја вратиме кошарката во Македонија, и сега го мислам истото, им се заблагодарувам на сите играчи за одвоеното време што дојдоа да играат за националниот тим. Порано беше чест да се игра за Македонија, сега се сфаќа како некоја обврска. Најлесно ми е сега јас да кажам заминувам и Ви благодарам за сè“.

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски најави дека во следните денови убаво ќе се анализра ситуацијата. И на челниците на „нашата куќа на кошарката“ им е јасно дека еден тим не може да функционира без својот тренер 45 дена. 

Најново во Кошарка