ОДРАБОТЕН Е ПОСЛЕДНИОТ ТРЕНИНГ ВО СКОПЈЕ

Давитков и кошаркарите нема да калкулираат, Швајцарија мора да се победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Швајцарија, каде на 28 овој месец ќе го одигра последниот претквалификациски меч за ЕП 2021 година. 

објавено: 26 јуни 2018 - 19:45

Атмосферата во националниот тим е одлична, посебно радува и самодовербата со која патуваат селекторот, Јорданчо Давитков и неговите избраници. Нема да калкулираат, напротив одат да ја освојат Швајцарија и без пораз да ги завршат претквалификациите за ЕП 2021 година.

Во составот имаме мали промени, го нема Дарко Соколов, кој поради повреда мораше да го прескокне овој меч, а Давтиков нема да може да смета ниту на Ричард Хендрикс, кој во изминатите натпревари беше главен лидер во нашиот тим. На негово место ќе настапи новиот натурализиран Македонец, Шејн Витингтон.

„Имавме еден добар претквалифкациски циклус. Победивме три натпревари и изградивме добра атмосфера. Овој меч доаѓа во незгодно време, но изминатите десет дена ги минавме доста добро. Успеавме да го вклопиме и новиот Американец - Шејн Витингтон. Одиме да победиме, но нема да биде лесно. Многумина очекуваат само да се појавиме на паркетот, но ние мораме максимално да се испотиме и да се пласираме понатаму. Желба е да се продолжат серијата на победи, ќе биде тешко, но наша цел е само триумфот. Сите во Европа играат кошарка и во светот. Нема повеќе мали тимови. Швајцарците ќе се обидат да ја искористат својата шанса на домашен терен, но ние ќе се потрудиме да им парираме. Ростерот што го имаме на располагање е тој, а кој ќе игра ќе одлучиме во наредниот период.

Најново во Кошарка