КОЈ ЌЕ ДОЈДЕ – ТОЈ ЌЕ ИГРА, ДРУГО НЕМА, ВЕЛИ СЕЛЕКТОРОТ

ДАВИТКОВ: Хендрикс има поголеми проблеми од оние кошаркарските...

Селекторот Јорданчо Давитков се најде во една особено незгодна ситуација. На една недела пред почетокот на подготовките за новиот претквалификациски циклус, се соочи со уште еден голем проблем. Може да остане без помошта на ниту еден репрезентативен играч од оние натурализираните.

објавено: 25 август 2018 - 15:25

Селекторот Јорданчо Давитков се најде во една особено незгодна ситуација. На една недела пред почетокот на подготовките за новиот претквалификациски циклус, се соочи со уште еден голем проблем. Може да остане без помошта на ниту еден репрезентативен играч од оние натурализираните.

Иако имаше неколку опции, а одбра само две, се чини дека во овој момент Давитков не може да смета на ниту една од нив.
Шејн Витингтон е надвор од игра. Новиот играч на шпанската Андора заработи сериозна повреда, откако на првот тренинг го скинал мускулот на ногата.

„Да информациите велат дека го очекува пауза во период од четири до шест недели, што значи дека Шејн е загубен за овој септемвриски циклус"- констатира разочарано Давитков.

Иако надежите беа дека можеме да го очекуваме Ричард Хендрикс како друга „странска опција" на позиците „4" и „5", се чини дека тие се граничат со „нула".

„Неговиот проблем не е 'од вчера', и не е играчки, туку семеен. Сака да го среди на свој начин, да биде присутен при операцијата коај треба да биде извршена над неговиот син. Го разбирам во целост, човечки е да се биде дел од неговите проблеми. Стоиме зад него, со надеж дека ќе ги надмине, дека се ќе се заврши во најдобар можен ред, и Ричард повторно ќе им е врати на она што знае добро да го прави – да игра кошарка"- дополнува Давитков.

Реално доста е кратко времето да се одбере некој трет?

„Тешко, многу тешко е да се реагира на вистински начин за вака кратко време. Но што е, тоа е. Како што велат, како биде, ќе биде... Другото ќе биде".

Барем засега, добро е што нема некои други откази...

"Засега нема откази. Ако се здрави, играчите ќе дојдат на собирот во Скопје, во тоа не се сомневам. Разговарав со сите, рекоа дека ќе дојдат. Ќе видиме, но јасно е, кој дојде – тој ќе игра"- објаснува селекторот.

Она што е добро во целата оваа ситуација е фактот дека Стојан Ѓуроски пронајде странски ангажман, и што сега само Александар Костоски е без договорна обврска од повиканите кошаркари за претстојните два дуели од вториот претквалификациски циклус.
На 13 септември во Приштина против Косово, и три дена во Скопје, против репрезентацијата на Романија.
Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка