ЈА ПАМЕТИМЕ НАШАТА ЛОША ИГРА ВО ПРИШТИНА

Да не се повтори 2. август, 2017 година!

Денот кога Македонија го запиша еден од најсрамните порази во еден квалификациски натпревар.

објавено: 12 септември 2018 - 15:30

 Денот кога дебитантот во овие натпреварувања, селекцијата на Косово славеше, за нив историска победа од (72:68).

Се уште болен пораз за нашиот национален тим, кој дефинитивно таа вечер го имаше веројатно и најслабото полувреме во историјата.
За 20. минути избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, тогашните нели, дадоа само 20. поени!
Противникот двојно повеќе дури 40, по што во второто полувреме беше тешко за стигнување".


Статистиката од тој меч вели дека Давитков користеше девет играчи.
Во првата петорка беа: В. Стојановски, Тасовски, Чековски, Мекиќ и натурализираниот Македонец, Џордан Теодор.
Токму Теодор со 22 поени беше нашиот најефикасен кошаркар. Капитенот Стојановски уфрли 17, Тасовски 11, Николовски беше реализатор на седум поени, Чековски на пет. Костоски уфрли еден помалку, а Мекиќ уште два во конечниот неуспех.
Иако играа Ѓуроски и Јанески не стигнаа да поентираат.
Од друга страна, во одбраната имавме проблеми како да го стопираме нивниот најдобар поентер, Дардан Бериша. Уфрли дури 28. поени (со висока реализација во шутот од поле 11/20). А свој придонес во успехот дадоа и Гранит и Фисник Ругова кои комбинирано реализираа 23. поени.
Останува само да се надеваме дека во четврток навечер се ќе биде поинаку, и дека Македонија ќе успее да се реваншира за тој и тоа како болен пораз кој чинеше многу во понатамошниот тек од квалификациите за СК 2019 година во Кина.

Најново во Кошарка