ЗАМОР НА МАТЕРИЈАЛОТ И ПОРАЗ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Босна ни ја украде првата шанса, имаме уште една, во битката за „бронзата"

По егал-резултатот во првото полувреме (50:50), македонските кадети имаа евидентен пад во играта во второто... На крајот беа поразени од подобрата селекција на БиХ (76:95).

објавено: 17 август 2018 - 20:38

По егал-резултатот во првото полувреме (50:50), македонските кадети имаа евидентен пад во играта во второто... На крајот беа поразени од подобрата селекција на БиХ.
Утре вечер е втората шанса Македонија сепак да обезбеди место во Дивизијата„А". Ќе го чека поразениот од второто полуфинале кое за кратко време ќе го почнат Русија и Чешка.
По реми резултатот во 20.минуити, на крајот од првото полуфинале, на „Илиџа".
Македонија – БиХ 76:95 (20-23; 30-27; 14-26; 13-19)
Со високи (17:10) поведе БиХ по пет минути од полуфиналето. Доволен знак за нашата клупа да го потроши првиот тајм-аут. Противникот имаше доста отворени, но и погодени удари од далечина, пред се во таа уводна фаза од натпреварот.
Имаа Босанците и плус 10 (21:11), но тројката на Мирковски од аголот, ги раздвижи работите во нападот кај нашиот кадетски состав. До истекот на првиот период, се вративме и резултатски во игра, беше (20:23) за домаќинот на шампионатот.
Но по нецели четири минути игра во вториот, стигнавме од нерешен скор, (31:31).
Иако имавме и плус од шест поени (48:42), по четвртата тројка на Мирковски (од четири обиди), на истекот на првото полувреме беше егал (50:50).

Ако Мирковски погодуваше од далечина, Миловановиќ, а пред се Петрушевски беа вистинска енигма за одбраната на БиХ.
Нашите крилни играчи беа во преден план на овој дуел и тие 20.минути. Пред се ефикасни (на двете страни паднаа дури сто поени)
Откако поведовме со (54:50), наместо д продолжиме во исто темпо, сосема беспотребно влеговме во еден „мртов период". Малку и со помош на судиите, Босанците отворија серија од (12-0) со која за нецели четири минути, го свртеа резултатот во своја корист.
Водеа со високи (62:54)... а некоја минута подоцна по втор пат на мечот имаа двцифрен плус (67:57).
Најлошата четвртина на шампионатот нè стави и во најголема негатива. Од дури 16 поени (60:76) во последната минута од третиот период. Андоноски и Данаиловски ја „поправија ситуацијата", вратија на прифатливи, (64:76).
Но враќање, дефинитивно немаше... Заморот почна да станува „видлив". Со само шест-седум играчи, „пробата" со Наумовски во одбраната, беше тешко да се очекува целосна „свежина" во овие 40.минути од мечот на одлука. И најважниот во досегапните кариера на овие млаид момчиња пред кои, јасно е, има иднина.
Нема финале за Македонија, но има шанса, уште една, да биде во првата тројка на првенството.
Босанците беа подобри, мора да се признае и да им се честита на тоа, затоа и заслужено се во финалето и во „А" Дивизијата.
Ние веројатно го одигравме најлошото полувреме на турнирот во Сараево, но кога требаше да биде најдобро. Затоа нема да играме за златните медали, туку за бронзените.
Но со она што го покажаа досега, нашите кадети имаат право да сонуваат – играње во елитната конкуренција.

 

 

Најново во Кошарка