СЕ ПОИЗВЕСНО Е...

Без Мекиќ во Приштина

Крилото на Куманово се пожали на болки во пределот на рбетниот столб, и веќе неколку дена е надвор од тренинг, а поголем дел од времето го поминува во рехабилитација.

објавено: 9 септември 2018 - 15:20

Адем Мекиќ не беше дел од националниот тим на Македонија на саботната проверка во СЦ „Јане Сандански".
Крилото на Куманово се пожали на болки во пределот на рбетниот столб, и веќе неколку дена е надвор од тренинг, а поголем дел од времето го поминува во рехабилитација.

Сепак, и покрај напорите на нашиот лекарски тим, малку е за верување дека Мекиќ ќе успее да се опорави до првиот натпревар, закажан за четврток навечер, во Приштина, против Косово.
Од оваа временска дистанца, многу поизвесно е неговото место во првите 12 да го заземе младиот Андреј Маслинко.

Најново во Кошарка