БЛЕСКАВА ВЕЧЕР ЗА МЛАДИОТ ХРВАТСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Зубац им донесе победа на „езерџиите" во Оклахома

Со 26 поени и 12 скока за 28 минути игра, Хрватот беше клучната фигура за триумфот на Л.А. Лејкерс по продолжението (138:128).

објавено: 18 јануари 2019 - 08:30

Младиот хрватски репрезентативец, Ивица Зубац беше „човекот на натпреварот" во најинтересниот меч ноќва во НБА лигата, во кој Л.А. Лејкерс по продолжението победи на гостувањето кај Оклахома, 138:128.

Зубац беше клучната фигура за триумфот на „езерџиите", кој доби шанса од клупата и за 28 минути игра постига 26 поени, 12 скока и една асистенција, што е негов личен рекорд.

Лејкерси имаа негатива од 17 поени во финишот од регуларниот дел од мечот, а Расел Вестбрук се избори за продолженија (122:122) откако на 2.9 секунди до крајот на мечот без грешка реализираше три слободни фрлања.

Зубац имаше импресивен учинок во клучните моменти од средбата, а со поддршка и од Кузма (32 поени), Бал (18 поени, 10 асистенции) како и Харт (12 поени, 10 скока) Лејкерси дојдоа до триумф.

РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Сакраменто 114:95
Индијана – Филаделфија 96:120
Торонто – Феникс 111:109
Денвер – Чикаго 135:105
Оклахома – Л.А. Лејкерс 128:138

Најново во Кошарка