МАНУ ЏИНОБИЛИ ПОВЕЌЕ НЕ ИГРА КОШАРКА

Знам дека е исправно, но раката „игра" и на тастатурата (ВИДЕО)

За прв пат кога и официјално кажа крај на играњето кошарка, аргентинската кошаркарска икона проговори за медиумите зошто го направил тоа.

објавено: 17 септември 2018 - 09:00

Според многумина, најдобриот шести играч во историјата на НБА лигата, потврди уште еднаш дека таа одлука тешко му паднала.

„Иако сум многу сигурен дека донесов добра одлука, и понатаму имам чудно чувство. Колку и да си уверен во исправноста на својата постапка, сепак, тешко е. Разговарав со сопругата, и знаев што морам да направам. Но прстите ми се тресеа и понатаму пред на тастатурата да стиснам 'ентер' "- рече Џинобили.

Најдобриот аргентински кошаркар на сите времиња подели една симпатична приказна на своите деца на кои сега, јасно е, ќе им биде многу полесно откако нивниот татко повеќе нема да „работи".

„Да, беа среќни, а потоа мојот најстар син, Нико, рече дека не сака да се пензионира, Кога го прашав зошто мисли така, тој ми одговори: 'Пилешкото во просториите на клубот е многу добро' "- објасни низ смеење аргентинското крило.

Во пребогатата играчка кариера, Емануел Џинобили беше шампион на НБА лигата и тоа четири пати. Беше учесник на два Ол-стар викенди, еднаш беше прогласен за најдобра резерва во лигата.

Ја освои Евролигата, и италијанската Серија А, со селекцијата на Аргентина го освои златниот медал на Олимпијадата во Атина во 2004 година, и сребро на СП во Индијанаполис две години порано.
За Сан Антонио настапуваше од 2002 до 2018 година. 

Најново во Кошарка