Специјалистот за тројки разочаран

Заврши серијата на Корвер: Еден ден ќе бидам горд на ова

По 127 натпревари со барем една постигната тројка, крајот на успешната низа на Корвер дојде во Портланд

објавено: 6 март 2014 - 18:35

Мечот на кој се врати Перо Антиќ по пауза од 40 дена не беше пријатен за Атланта и тоа не само поради поразот од Портланд со 102:78. Тажен момент е и тоа што заврши фасцинантната серија на Кајл Корвер со 127 натпревари во кои постигнал барем една тројка. Синоќа немаше своја вечер, постигна само пет поени а од зад линијата од 7.24 биеше 0/5.

„Секако, малку сум разочаран, но добро беше додека траеше. Еден ден, сигурно, ќе погледнам на ова и ќе бидам горд, но вечерва е тешко, беше тежок натпревар, а јас бев дел од него“, изјави Корвер по мечот.

„Ова беше неверојатна серија и на сите ни жал што заврши. Тој е одличен спортист, голем другар и горди сме на него “, додаде и тренерот Мајк Баденхаузер

Најново во Кошарка