ШАМПИОНОТ СЕ НАМАЧИ

Вориорс едвај ги згаснаа „жешките“ (ВИДЕО)

Актуелниот шампион, Голден Стејт на домашен терен го совлада Мајами со 120-118.

објавено: 11 февруари 2019 - 08:33

За да дојде до нова победа, Голден Стејт добро се намачи против Мајами, кој во првата четвртина поведе со 26-7. Тимот од Флорида на крајот од овој дел имаше позитива од 34-24, а додека на полувремето замина со резултат 59-54.

Вориорс се вратија, па во одлучувачкиот дел влегоа со предност од 90-82, но следеше незивесна завршница. Гостите го вратија водството 116-115 со двата понеи на Двејн Вејд на 54 секунди до крајот. Кевин Дурент го реши мечот со удар од од три поени, а потоаз Казинс реализираше слободни фрлања за 120-118.
Најефикасен во редовите на домашниот тим беше Дурент со 38 поени, Клеј Томпсон даде десет поени помалку, додека Стеф Кари застана на 25 поени. Во тимот на Мајами Ричардсон имаше 37 поени, рекорд во неговата кариера.

Голден Стејт е лидер на Западот со скор од 40-15, додека Мајами ја држи осмата позиција на Истокот со скор од 25-29.

Резултати: Сакраменто – Феникс 117-104, Атланта – Орландо 109-124, Голден стејт – Мајами 120-118.

Најново во Кошарка