„СЕ МРДААТ" РАБОТИТЕ ВО КЛИВЛЕНД, И ТОА КАКО...

Во февруари го трејдуваа, во јули го вратија

Искусниот крилен играч Чанинг Фрај по неколку месечна „пауза" ќе се врати во екипата на Кливленд, пренесуваат американските медиуми...

објавено: 15 јули 2018 - 09:00

Тоа е НБА лигата и затоа не може ништо да биде изненадување.

Минатата сезона, Чанинг Фрај ја започна како играч во ротацијата на Кливленд Кавалирс. Во тимот од Охајо беше до февруари, кога стана еден од неколкуте кошаркари кои беа вклучени во размената.

Трејд во кој требаше да биде засилување за ЛА Лејкерс за кои до крајот на сезоната одигра само девет меча. И притоа во просек реализираше по 5.8 поени за некои 16.7 минути на теренот,
Искусното крило познат по прецизниот шут за три поени, во наредната сезона, како играч на Кавалирс ќе заработи 2.4 милиони долари.
Инаку Фрај е во НБА лигата од 2006 година, а досега настапувал за екипите на Њујорк, Портланд, Феникс , и Орландо пред да дојде во Кливленд.
Најдобра сезона му беше онаа во 2010/2011 кога како играч на Феникс имаше просек од 12.7 поени и 6.7 скокови по натпревар.

Најново во Кошарка