Е ТОА Е ВЕЌЕ НЕШТО, ГИ ПРАВИ ГОЛЕМИ ШАНСИТЕ НА ЛЕЈКЕРС

„Веѓата" го смени агентот, тој му е пријател на Леброн...

Откако пред неколку дена беше објавено дека после трансферот на Леброн Џејмс, следното лето ЛА Лејкерс ќе „удри" и кон Клеј Томпсон од Голден Стејт во обид на формирање на нов супер-тим, во Америка тргна нова приказна.

објавено: 10 септември 2018 - 11:00

Помалку неочекуваано, но првата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис, ја прекинал соработката со долгогодишниот менаџер Тед Фучер. Се со цел да потпише договор за „Клуч групата" чиј сопственик е Рич Пол, агент на многу голем број на НБА ѕвезди, и пред се, голем пријател на Леброн Џејмс!

Бил Симонс, аналитичар на НБА лигата тргна прв. И порача дека доколку Дејвис потпише за „Клуч", тогаш Лејкерс можат слободно да почнат да продаваат негови дресови.
Јасно е и што тоа значи...
Симонс сугерира дека „Клуч агенцијата" и Рич Пол ќе го усмерат популарниот „веѓа" кон Холивуд, во обид да го „спојат" со Леброн. Но тоа е можно дури после две години, кога, ако го сака тоа, како слободен играч да излезе на пазарот.

Дејвис има договор до 2021 година, но последната е опциска, и може да ја одбие.
Навистина, далеку е сето тоа до 2020 година, но патот кон Ел-Еј реално би можел да биде отворен...
Во овој момент Дејвис го одработува петгодишниот договор вреден 127 милиони долари, но јасно е дека наредниот ќе биде многу поголем доколку продолжи да игра на ова високо ниво како во минатата сезона.
И секако да го заобиколат повредите.
Се работи за еден од најдобрите високи играчи во лигата кој има неверојатна доминација во рекетот.
Секако, нема тим кој не би го посакал Дејвис во своите редови. Но и самиот играч во неколку наврати повтори дека му се важни само победите и насловите, а каде би го имал тоа ако не покрај играч како Леброн Џејмс?
Дејвис има само 25 години, и за две години ќе влезе во оној „прајм-тајм", и нема дилеми дека уште сега е еден од најдобрите во лигата.
Оваа приказна, иако не е „моментална", е и тоа како реална, и јасно е дека во наредните години Лејкерси повторно ќе израснат во еден мега-тим кој ќе биде подготовен да му конкурира на доминатниот Голден Стејт Вориорс.

Најново во Кошарка