„ВОИНИТЕ“ СО ПРЕСВРТ ДО МАЈСТОРКАТА СО ХЈУСТОН

ТОА Е ШАМПИОНСКИ ДУХ: Од минус 17, до седми меч (ВИДЕО)

Во финалето на Западната конференција, исто како и на Истокот, ќе се игра „мајсторка" откако Голден Стејт со убедливи (115:86) славеше победа над Хјустон Рокетс.

објавено: 27 мај 2018 - 08:30

Третиот меч во „Оракл Арената", и вкупно шестиот во серијата, имаше чуден тек.

Сјајно стартуваа Рокетс, погодија осум тројки во првата четвртина и поведоа со големи (39:22). Домашниот тим почна да с ебуди дури во вторито период од играта во кој го намалија тоа заостанување на десет поени (51:61).
А потоа уследи фамозната трета четвртина на Вориорс. Ја започна асо мини сењрија од (8-0), со две тројки на расположениот Клеј Томпсон. Не помогна ни тајм-аутот на Мајк Дантони, Кари погоди уште една, за целосен пресврт (62:61).
Од тој момент кога ја превземаа контрлата на теренот, домашните кошаркари делуваа незапирливо. Ја добија четвртината со (33:16), а во ист ритам продолжија и во последните 12. минути во кој Рокетс уфрлија само девет поени, додека Голден Стејт даде дури 31.

На крајот плус 29 за тимот а Стив Кер кој во последните пет минути ги одмораше своите најдобри играчи за она што следува - „ седмиот меч" во Тојота центарот во Хјустон.
Томпсон погоди дури девет тројки (од 14. обиди) и беше најефикасен играч на мечот со 35.реализации. Кари уфрли уште пет тројки, за своите 29. поени, додека Дурент имаше 23.
Кај ослабениот Хјјстон (не играше Крис Пол), Џејмс Харден имаше 32. поени, плсу девет асистенции и седум скока, 19 поени дојдоа од Ерик Гордон.
Мечот на одлука е закажан за ноќта помеѓу понеделник и вторник, додека ден порано „мајсторка" ќе играта Бостон и Кливленд. 

Најново во Кошарка