ЌЕ МЕНУВА И ФЕНИКС

„Ракетите" најдоа партнер за трејд на Рајан Андерсон

Хјустон и Феникс договорија размена во која Рајан Андерсон и Дентони Мелтон ќе преминат во Аризона, а во спротивна насока ќе заминат Брендон Најт и Маркиз Крис, јавува ЕСПН.

објавено: 1 септември 2018 - 09:00

Хјустон и Феникс договорија размена во која Рајан Андерсон и Дентони Мелтон ќе преминат во Аризона, а во спротивна насока ќе заминат Брендон Најт и Маркиз Крис, јавува ЕСПН.
Искусниот Рајан Андерсон, кој веќе има 30.години, ја покрива крилната позиција, а за Рокетс играше во изминатите две сезони.

После слабите изданија во минатата, во Тексас сакаа да се ослободат од неговиот договор кој е со важност до 2020 година и за кој одличниот шутер би заработил 41.милион долари.
Инаку плејмејкерот Мелтон е избран на драфтот во оваа година како 46.пик
Кога се зборува за двоецот од Феникс, Најт е дел од Санс од 2015 година и имаше важечки договор со 2020 година вреден 30.милиони долари.
Крис е осми пик одбран од 2016 година, но никогаш не го постигна полниот потенцијал, па Игор Кокошков, новиот тренер на Феникс, се одлучи да го размени во Хјустон.

Најново во Кошарка