ПОМАЛКУ ОЧЕКУВАНО, А ПО САМО ДЕСЕТ ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИ

ПОТПОЛНО ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА: Се разделија Кармело и Хјустон!

Кармело Ентрони и Хјустон Рокетс ја завршија соработката и некогашниот играч на Денвер, Њујорк и Оклахома ќе си побара нова играчка средина.

објавено: 16 ноември 2018 - 09:30

Она што можеше да се превиди во текот на изминатите неколку дена, брзо е и официјализирано. Кармело Ентрони и Хјустон Рокетс ја завршија соработката и некогашниот играч на Денвер, Њујорк и Оклахома ќе си побара нова играчка средина.
Едно вакво сценарио беше извесно уште пред неколку дена, со оглед на тоа дека последниот меч Мело го одигра на 5.ноември, а сега сето тоа е официјализирано.

„После многу дискусија, внатре во клубот, ќе се поздравиме со Кармело Ентони. Имаше сјаен пристап за време на престојот во Рокетс, и ја прифати секоја улога која му ја намени тренерот Мајк Дантони. Сепак, визијата поради која што го потпишавме Ентони не е реализирана. И поради тоа приморани сме на еден ваков потег"- рече генералниот менаџер на Рокетс, Дерил Мори.

Некогашниот играч на Денвер, Њујорк и Оклахома оваа сезона одигра десет натпревари за Хјустон. И во просек, за 29.4 миниути на теренот, реализираше по 13.4 поени, со шут од игра од 40.5% односно 32.8% за три поени.
Сеуште нема некои наговестувања каде популарниот Мело би можел да продолжи со играњето. Некои најави се дека би можел да се врати во Денвер

 

Најново во Кошарка