СЛЕДУВА ЛИ „РЕМОНТ" ВО КЛУБОТ ОД ОХАЈО

После Леброн, од Кливленд си оди и Лов?

Лесно може да се случи Кавс да останат и без втората голема ѕвезда во тимот...

објавено: 3 јули 2018 - 08:00

Американските инсајдери во НБА лигата пренесуваат дека откако Леброн Џејмс објави дека го напушта Кливленд и се сели во ЛА Лејкерс, Кавалирс е подготвени да го разменат и вториот свој ол-стар играч, Кевин Лов.

Иако неколку пати досега повторија дека Лов ќе остане и во следната сезона. Многу извори тврдат дека Кавс се подготвени да ги разгледаат сите трејд понуди за високото крило, секако под услов да ги има.

Има смисол во сето тоа ако се земе в предвид дека ова е совршен момент да се реализира една таква работа.
Јасно е дека без Леброн Џејмс, Лов не е способен сам да го влече тимот до некое финале, па макар и конференциско, и дека Кавалирс нема да бидат тоа што беа до оваа сезона.
Идната сезона Кливленд има право на избор на ТОП 10 пик од драфтот, кој е „заштитен", и зависи од нивниот резултат во следната сезона. Тие мора да бидат во оние десет најслаби тимови во лигата, за да можат да го задржат пикот. Во спротивно, тој оди кај Атланта.
Навистина Кавси би можеле да истуркаат уште една сезона со Лов како лидер, и да го трампаат а „повисока цена", а без Џејмс како „товар". За последен пат кога Лов играше без помошта од Џејмс, неговиот просек беше висок - 26.1 поени, 12.5 скока и 4.4 асистемции.
Лани пак заврши со просек од 17.6 кошеви, но и уште и девет скока, и шут за три поени од 41.5%/
Така, големата „тројка" на Кливленд би можела да се распадне во само едка година. Кајри си замина лани (во Бостон). Вчера Леброн потврди дека во иднина ќе игра за ЛА Лејкерс, а Кевин Лов е на излезната врата во клубот од Охајо...

Најново во Кошарка