ЛУКА ДОНЧИЌ ОДГОВОРИ НА КРИТИКИТЕ

ПОРАКА ОД АМЕРИКА: Браќа, со вас сум!

Нема да може да им помогне на своите соиграчи во претстојните квалификациски натпревари за СК во Кина, но Дончиќ испрати порака од Америка со подршка до соиграчите...

објавено: 1 септември 2018 - 18:00

Европскиот шампион, Словенија ќе биде сериозно ослабен на наредните два меча од квалификациите за Светскиот Куп во Кина. Освен што и против Летонија и Турција, како што и се очекуваше, ќе го нема НБА двоецот Лука Дончиќ-Горан Драгич, во составот на селекторот Трифуновиќ ќе ги нема ниту Клемент Препелич, Јака Блажиќ, Алексеј Николиќ и Зоран Драгич.

Сепак, иако е далеку од Европа, Лука Дончиќ испрати порака до играчите кои ќе ги играат септемвриските натпревари.

И на некој начин да даде одговор на критиките кои ги упатија медиумите, посебно спрема него и Јан Облак, поради наводно одбивање да играат за националните селекции на својата родна земја.

„Тешко е да се опише колку ги чекам натпреварите на Далас и колку едвај чекам да почнам да работа, како би ги реализирал тимските цели. Пред тоа, сакам да ги поделам своите чувства со вас, моите соиграчи и моите браќа.
Знам дека нема поголема чест од онаа да ја претставуваш својата татковина. Моите мисли се со вас, кои се спремате за квалификациските натпревари за Светскиот Куп. Не можам да бидам со вас, но сигурен сум дека ќе направите добра работа. Едно од моите најголеми остварувања беше тоа кога бев во тимот кој го освои првиот и единствен златен медал за Словенија. Моја намера е да бидам лидер во нашите наредни битки во елитното натпреварување. Следниот месец ќе ве гледам, и ќе навивам за вас Покажате кои сте! Продолжете таму каде што заедно почнавме. Ќе бидам наскоро со вас!" – порача Дончиќ до своите соиграчи од словенечкиот национален тим.

Словенија е последна во групата од квалификациите за СК со само две победи. Украина и Црна Гора имаат по три, Летонија и Турција по четири, а Шпанија максимален ефект ()6-0).
Кога ќе се погледне табелата и составот кој Словенците го имаат за првите два натпревари во септември, не е тешко да се заклучи дека европскиот првак за жал, нема да игра на кошаркарскиот Мундијал во Кина 2019 година.

Најново во Кошарка