„ВОЛЦИТЕ" НЕМААТ НИШТО ПРОТИВ ТРАНСФЕР НА „СЛОБОДНИТЕ"

ПЛАНОТ НА ТИБОДО: Минесота ги прибира Денг и Ноа?

Тим Тибодо сака да има покрај себе играчи со кои соработувал во минатото. А сака да соработува со нив и во иднина.

објавено: 4 септември 2018 - 22:20

И не е никаква тајна, одамна...

Тим Тибодо сака да има покрај себе играчи со кои соработувал во минатото. А сака да соработува со нив и во иднина.
Таков е случајот во Минесота, екипата каде сега е главен тренер и во која има веќе неколку играчи кои беа дел од чикашките „бикови".
Информациите од САД, велат дека Тибодо не би имал ништо против доколку менаџерскиот тим на Тимбервулфс во Минеаполис ги донесе Јоаким Ноа и Луол Денг.

Денг ја заври својата неславна епизода во ЛА Лејкерс, додека Ноа чека истото да се случи и со него како играч на Њујорк (односно да добие отказ по кој би биле задоволни и двете страни).
За потсетување, Тибодо веќе има тројца поранешни „бикови", Џими Батлер, Таџ Гибсон и Дерек Роуз.

 

Најново во Кошарка