ОТИДЕ МЕЃУ ЛЕГЕНДИТЕ

ОСВОИ СЕ ШТО СЕ МОЖЕШЕ: Борис Диао и рече ЗБОГУМ на кошарката (ВИДЕО)

Францускиот крилен центар објави дека престанува со активното играње на кошарката

објавено: 7 септември 2018 - 13:00

Официјалната објава на пензионирањето, еден од најдобрите француски кошаркари во изминатите две децении ја проследи со видео снимка на својата фејсбук-страница на кое покрај него, на бродот се наоѓаат уште и неговите поранешни соиграчи Тони Паркер и Рони Туриаф.

„На крајот на сезоната решив да сочекам и да видам што ќе се случи. Беше добро она чувство да се биде на одмор"- рече 36.годишниот кошаркар кој својата последна сезона во кариерата ја одигра во францускиот клуб Левалоа.

Во својата кариера играпе и за По Ортез, Атланта, Феникс, Шарлот, Сан Антонио, Јута Џез и Борд. Ќе с епаметат неговите игри за „триколорите" и чиј дел беше повеќе од 15. години.

„Се изедначив со својата мајка според бројот на одиграни мечеви за Франција – 247. Секогаш говорев дека тоа е невозможо. Не сакав да имам повеќе. Поради сето она што го стори за мене, решив да застанам"- призна Диао, чија мајка Елизабет Рифио е една од најзнаќајната кошаркарки во историјата на Франција.

Заедно со „триколорите" Борис Диао освои бронза на СП 2014 година, додека од Европските шампионати во витрините на француската федерација донесе бронзи (2005 и 2015), сребро (2011) и злато во 2013 година.
Беше шампион на НБА лигата, и тоа со екипата на Сан Антонио Спарс во 2014 година.  

Најново во Кошарка