ГЕНЕРАЛНИОТ МЕНАЏЕР НА ФЕНИКС Е ЈАСЕН:

Не сме се загрижени за „атлетиката" на Лука

Како сега стојат работите, менаџментот на Феникс Санс сепак нема да го размени својот избор на прв пик на драфтот, туку ќе одберат опција помеѓу Деандре Ејтон или Лука Дончиќ...

објавено: 27 мај 2018 - 20:00

Генералниот менаџер на Феникс, Рајан Мекдона планира да дојде во Шпанија и уште еднаш да го гледа „во живо" младиот кошаркар на Реал Мадрид.

„Многу пати го гледавме досега. Јас најмалку четири-пет пати во изминатите седум-осум месеци. И мојот помошник Пет Конели исто така го работеше тоа. Тренерот Игор Кокошков го виде повеќе пати, од сите нас заедно, и затоа и го познава многу подобро од нас"- изјави Мекдона за „УСА Тудеј".

Кога е во прашање Лука Дончиќ како избор на Санс, многу стручни лица кои се блиску до НБА се скепитични по прашањето на неговите атлетски способности.

„Не сме загрижени поради тоа, ни најмалку. Неговата техника е сјајна, а има и одлично чувство за игра, на снимките тоа не можете да го видите. Способен е да ги креира своите шутеви, да прави простор, да се ослободи од дефанзивците. Умее да се избори за 'лична', и да оди на линијата на слободни фрлања. Немаме никакви грижи во таа смисла" - заклучува Мекдона.

 

Најново во Кошарка