ДЈУК ДОБИ ЕДЕН НЕВЕРОЈАТЕН ИГРАЧ

НЕ Е ВИДЕНО ОД ВРЕМЕТО НА ЛЕБРОН: Уште е студент, а веќе е светска ѕвезда! (ВИДЕО)

Иако уште не зачекорил во професионалните води оваа сезона сигурно ќе беше дел од НБА лигата но прописите се против него...

објавено: 16 ноември 2018 - 08:00

Тој е веќе ѕвезда, светска кошаркарска ѕвезда...
Осумнаесетгодишниот Зајон Вилијамсон, студент на прославениот Дјук Универзитет, доминира на почетокот на сезоната во НЦАА шампионатот, а неговите, пред се, атрактивни потези го преплавија интернетот.

Вилијамсон е висок 201 сантиметар, тежок е 120 килограми, и исклучително тешко е да се сопре во играта. Некои би рекле дека е чудо на природата, нешто налик на Леброн Џејмс, затоа што таква доминација не е видена уште кога „Кралот" од Охајо се подготвуваше за НБА.

Кошаркарот на „војводите" не можеше веќе во оваа сезона да се најде во некој од НБА тимовите затоа што правилата велат дека сите американски играчи мораат да „одработат" најмалку една сезона во колеџ кошарката.

Вилијамсон го одбра Дјук, и со Рован Александер Барет и Кем Редиш, е главната сила на тимот кој е прв фаворит за освојуавње на титулата во НЦАА лигата.
Инаку, Вилијамсон постави еден нов рекорд на овој Универзитет кога е во прашање мерење на отскок од место. Скокна повеќе од еден метар во воздухот и ги воодушеви соиграчите.
Добредојдовте во светот на Зион... 

Најново во Кошарка