ВО НОВАТА СЕЗОНА, УШТЕ ПОБРЗ РИТАМ ВО НАЈСИЛНАТА ЛИГА

НБА зема едно правило од Европа

„Тоа ќе ја забрза играта" – вели првиот оперативец на НБА лигата, Адам Силвер.

објавено: 23 септември 2018 - 08:00

Раководното тело на НБА лигата го усвои „пакетот" на промени кои од оваа есен ќе бидат воведени во најсилното натпреварување.
Најинтересната промена ќе биде онаа која во Европа е одамна воведена, а добрата практика ги натера и луѓето од Америка дека таа измена ќе биде добредојдена.
Заедно со европските и меѓународните ФИБА натпреварувања, НБА одлучи нападите после офанзивен скок да се „рестартираат" на 14. секунди, а не на нов „полн" напад од 24 секунди како што досега беше правилото во НБА лигата.

„Мислам дека тоа ќе ја зголеми забавата во оваа игра. Тимо кој губи ќе добие поголема шанса да се врато, затоа што ќе се овозможат повеќе поседи на топката. Генерално, ќе го забрза темпото"- рече комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Исто така, НБА лигата ги поедностави правилата за досудување на прекршок во ситуациите кога играчот има „чист пат" кон кошот, а ја прошири и листата на околности во кои судиите може да користат видео-снимка.
Инаку, НБА сезоната стартува на 16. октомври, но овие нови правила ќе бидат применувани уште на оние претсезонски мечеви на кои играчите ќе се привикнуваат на истите.

Најново во Кошарка