Интересни беа првите натпревари после истекот на рокот за размена на играчи. Ражон Рондо донесе победа за Лејкерс во „Ти-Ди Гарден“ против својот поранешен клуб Бостон од 128:127. Одличниот натпревар завршен е со кош на Рондо со звукот на сирената.
Бостон водеше цел меч, во еден момент и со 18 поени разлика, меѓутоа Лејкерси се вратија и ја „украдоа“ победата. Леброн Џејмс имаше „дабл-дабл“ и постигнати 28 поени. Во редовите на Бостон најефикасен беше Ирвинг со 24 поени.
Во останатите мечеви, гостински триумф забележа уште и Торонто кај Атланта 119:101. Оклахома и Индијана беа сигурни како домаќини над Мемфис, односно Клиперс.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон - Л.А. Лејкерс 128:129
Оклахома - Мемфис 117:95
Индијана - Клиперс 116:92
Орландо - Минесота 122:112
Атланта - Торонто 101:119
Портланд - Сан Антонио 127:118