ДО КАДЕ ДОТУРКА ПОРАНЕШНИОТ ОЛ-СТАР

Мело оди во Атланта, а потоа како „слободен агент" во Хјустон?

Кармело Ентони е дел од размената помеѓу Атланта и Оклахома, во која Дени Шрудер же стане дел од Тандер.

објавено: 20 јули 2018 - 17:15

Кармело Ентони ја заврши својата епизода како играч на Оклахома Сити. Овој повеќекратен ол-стар кошаркар е трејдуван во екипата на Атланта Хоукс, од каде во спротивната насока тргна Германецот Денис Шрудер.

Но, популарниот, или некогаш беше таков, кошаркар, нема долго да остане во Џорџија затоа што Хоукс не планираат да го задржат туку да го отпуштат.
Тој момент сака максимално да го искористи Хјустон Рокетс, за да формира едно ол-стар друштво во кое од порано се веќе Џејмс Харден и Крис Пол. И секако, уште еднаш да пробаат да го нападнат тронот на Голден Стејт Вориорс.
Инаку, освен Шрудер, во Оклахома е испратен и Мајк Мускала, но скоро сигурно е дека ќе биде за кратко, затоа што ќе се пресели во Филаделфија од каде во тандер преминува Французинот Тимоти Луваву.

 

Најново во Кошарка