Словенецот ќе добие нов клуб

Мајами сака да го трејдува Драгиќ

Договорот на Драгиќ со Мајами е со важност од уште две години

објавено: 2 септември 2018 - 20:15

Мајами Хит се подготвени да почнат преговори за размена на еден од своите најдобри кошаркари во последните неколку сезони, Словенецот Горан Драгиќ. Според информациите, НБА тимот очекува трејдот да се реализира што поскоро.

32-годишниот Драгиќ се пресели во Мајами од Феникс Санс како резултат на размена во февруари 2015 година. Минатата сезона тој имаше просек од 17,3 поени, 4,1 скок и 4,8 асистенции, за околу 32 минути поминати на паркетот. Словенецот одигра 75 натпревари од регуларната сезона и беше дел од оние пет дуели кои Мајами ги одигра во плеј-офот.

Покрај тоа, Драгиќ за првпат во кариерата беше поканет на Ол-Стар натпреварот како замена за повредениот кошаркар на Кливленд, Кевин Лав. Договорот на Драгиќ со Мајами е со важност од уште две години, за кој „жешките" треба да му исплатат 37,3 милиони долари.

Најново во Кошарка