УШТЕ ЕДНА НЕЗАДОВОЛНА ЅВЕЗДА

Лилард е „отворен" за Лејкерси, можна е комбинацијата со Леброн?

Наводно, ол-стар бекот не е баш најсреќен во Портланд...

објавено: 7 јули 2018 - 13:30

Откако Леброн Џејмс пристигна во ЛА Лејкерс, се повеќе се зборува околу тоа како некоја супер ѕвезда ќе му се придружи во обидот од „езерџиите" да направи шампионски ти,
Секако, тука во „преден план" со денови се споменува Каваи Ленард, но неговата ситуација со Сан Антонио е прилично комплицирана, и е многу тешко да се предвиди што ќе се случи.
Покрај таа, американските медиуми туркаат и една нова голема приказна, а таа говори за незадоволството кај Демиен Лилард во Портланд, кој никако не успева да направи посериозен исчекор во кариерата.

Лилард, наводно, не би имал ништо против размена во некоја посилна екипа, а тука, како први фаворити веднаш влегуваат Лејкерс.
Но се вели и тоа дека ситуацијата за Блејзерс и за Лилард и не е толку аларматна, затоа што досега ол-старот не дал ниту еден сигнал во таа насока, односно дека сака да си замине Но ЕСПН вели дека еден од најдобрите додавачи во НБА лигата е „отворен за размена".
Лејкерси имаат што да понудат доколку ситуацијата се интензивира, на се вели дека Лос Анџелес е реална опција за Лилард.
Каков тим би било тоа, секако за грижа плус за неприкосновениот Голден Стејт.

Најново во Кошарка